УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ЗА АПСОЛВЕНТСКИ ЕКСКУРЗИИ

За сите аранжмани вредат Општите услови за патување на АСТРАНС КОМЕРЦ.

Обврски на организаторот е да го изведе патувањето како што е опишано во програмата.

Бројот на местата на сите аранжмани е ограничен.

Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, се пресметуваат откажани трошоци пропишани со општите услови за патување.

Местата за седење се добиваат според редоследот на пријавување.

Превозот се изведува со високотуристички автобуси со европски стандарди, опремени со ТВ, ВИДЕО,КЛИМА УРЕД.

Сместувањето е во хотели со 3 звезди, во три или четири креветни соби. Во двокреветните соби можно е сместување само со доплата. Сместувањето во хотелите е по пристигнувањето, а според хотелските стандарди по 14 часот на денот на пристигнувањето, а собите се напуштаат според програмата, најдоцна до 10 часот на денот на поаѓање.

Резервација и пријавување на сите аранжмани се врши со уплата на аконтација во износ од минимум 3.000,00 денари или 50 евра.

Сите аранжмани можат да се уплатат во готово, или до 12 рати со кредитна картичка или со студентски кредит (информации во агенцијата).

До поаѓањето патникот може да ги уплаќа ратите во готово на продажното место. Најдоцна 15 дена пред поаѓањето треба да се изврши целосна уплата на аранжманот.

За секој аранжман можат да се пријават поединци или групи од сите факултети.

Секој патник е должен да ги достави во продажното место бараните документи за сите потребни визи, до датумот за кој ќе биде известен од организаторот на патувањето односно неговиот продажен агент, а најкасно 1 месец пред датумот одреден за поаѓање. Организаторот не сноси никаква одговорност доколку патникот достави непотполни документи или доставата, од било кои причини биде ненавремена.