1.ДЕН.Состанок на групата на паркингот пред хотел Холидеј Ин во 08,30 часот.Поаѓање кон Венеција во 09,00 часот.Дневно и ноќно возење преку Србија,Хрватска и Словенија со попатни одмори.
2.ДЕН-ВЕНЕЦИЈА.Пристигнување во Венеција -Лидо ди Јесоло во претпладневните часови.Сместување во хотел.Попладневно разгледување на градот,плоштадот и црквата св.Марко,Мостот на воздишките,Дуждевата палата.Слободно попладне за индивидуални прошетки и разгледи.Враќање во хотел.Ноќевање.
3.ДЕН-ФИРЕНЦА-ПИЗА.Појадок.Поаѓање кон Фиренца.Пристигнување во Фиренца во пладневните часови.Разглед на градот:Катедралата Санта Марија дел Фиоре,Гробницата Медичи,вечерно шетање низ градот на уметноста и светлината Фиренца.Доцна навечер заминување кон Пиза-Рим.Попатна посета на Пиза,познатата Крива кула,плоштадот Деи Миракол-Романската катедрала.Патувањето продолжува кон Рим.
4.ДЕН-РИМ. Пристигнување во утринските часови.Можност за факултативна посета на Тиволи-летниот дворец на римските императори.Сместување во хотел.Вечерен разглед на градот со локален водич;Императорскиот Рим,Колосеумот,Римскиот форум,црквата св.Петар со прочуената статуа на Микеланџело-Мојсије,познатата фонтана Ди Треви,плоштадите Навона со прекрасните фонтани,Шпанскиот плоштад.Ноќевање.
5.ДЕН-РИМ-Појадок.Претпладне можност за посета со локален водич на Ватикан и Ватиканскиот музеј-Сикстинска капела.Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг во еден од најубавите и најмодерните градови во светот.Во вечерните часови во точно закажано време поаѓање кон пристаништето Чивитавекија.Сместување во кабините на бродот.Поаѓање во 22 часот.Ноќевањето во бродот ќе биде во модерно опремени бродски кабини со тоалет,туш,таканаречен хотел на вода,на релација Чивитавекија-Барселона
6.ДЕН-КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ-БАРСЕЛОНА
Слободен ден за одмор и уживање на многубројните погодности што ги пружа овој брод диско клуб,базен,бар,фитнес,џакузи, фри шоп,казино.....Впловување во Барселона во 19,00 часот,по излегувањето од бродот ноќна прошетка низ преубавата Барселона,посета на една од најубавите фонтани во светот која работи по звукот на музиката МАГИЧНАТА ФОНТАНА.По прошетката заминување кон Лорет де мар,сместување во хотел.
Посета на преубавите дискотеки во Лорет де Мар.Ноќевање.
7.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР-БАРСЕЛОНА.Појадок.Заминување кон Барселона.Разглед на градот и неговите знаменитости плоштадите Каталонија и Шпанија,авенијата Рамблас,катедралата Света фамилија,Шпанското село,ридот Монт Жуик со олимпискиот стадиот,фудбалскиот стадиот Ноу камп.Посета на еден од најубавите аквариуми во Европа. Враќање во хотел.Вечера.Во ноќните часови посета на Фламенго,шпански танц следен од звукот на кастењатите и препознатливото Оле.Во 12 часот по полноќ посета на дискотека.Ноќевање.
9.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР- БАРСЕЛОНА.Појадок.Можност за факултативна посета на Барселона,наменета за индивидуални прошетки –шопинг.Во вечерните часови заминување кон Кан.
10.ДЕН-КАН-Пристигнување во Кан во утринските часови.Разглед на еден од најмодерните туристички места во Европа,разгледување на градот:прошетка по авенијата на палмите ,разгледување на познатата филмска палата,хотелот Медитеранео,хотелот Карлтон каде отседнуваат познатите звезди на Канскиот фестивал,бројните луксузни продавници. Патувањето продолжува кон Ница.Разглед на градот Ница и гратчето Ез,посета на познатите парфимерии Фрагонард и Галимард.Патувањето продолжува кон Монако.Посета на најгламурозниот град во Европа: палатата Грималди,катедралата св.Никола каде што е погребана принцезата Грејс Кели,океанографскиот музеј,прошетка по патеката на Формула 1 и преубавите улици и казина на Монте карло.Во вечерните часови заминување кон Париз.
11.ДЕН-ПАРИЗ-Пристигнување во Париз претпладне.Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич;Ајфеловата кула,Марсовите полиња,музејот Лувр,Домот на инвалидите,Триумфалната Капија,плоштадот Конкорд и останата убавина на градот Париз.Сместување во хотел.Вечерта прошетка до Монмартр со метро.Ноќевање.
12 ДЕН-ПАРИЗ-Појадок.Можност за факултативна посета на најубавиот кралски дворец Версај.Во вечерните часови факултативна можност за преубавото крстарење по познатата река Сена.Ноќевање.
13.ДЕН-ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД-Појадок.Можност за факултативна целодневна посета на еден од најубавите забавни паркови во Европа каде што ќе ги доживеете највозбудливите моменти на многубројнитe атракции кои ги нуди овој забавен парк.....Во вечерните часови заминување кон Амстердам.
14.ДЕН-АМСТЕРДАМ.Во утринските часови пристигнување во Амстердам.Следи панорамски разглед на градот:познатите амстердамски лавиринти кои ги откриваат убавините и знаменитостите на Амстердам, Леидселајн – центар на ноќниот живот на Амстердам,Ребрантплеин,плоштадот Дам со кралската палата,музејот на мадам Тисо,железничката станица,улицата Дамрак како и можност за посета на Брусилницата на дијаманти каде менацерскиот тим на брусилницата ќе ви ја открије тајната на брусење и чување на дијамантите.Сместување во хотел.Навечер организирана журка во една од познатите дискотеки на Амстердам.
15.ДЕН-АМСТЕРДАМ-Појадок.По појадокот напуштање на хотелот.Можност за факултативна посета на една од најпознатите пиварии во светот – Хајнекен,безброј простории со неверојатни анимации,дегустација на пиво,3Д проекции кои ќе ве запознаат со големата историја на производство на пиво.Ќе можете да го изгравирате
и вашето име на пивското шише –ова ќе ви биде најголемото доживување кое не смеете да го пропуштите.Можност за факултативна посета на музејот на Ван Гог-најбогатиот музеј во светот, како и во музејот на Националниот музеј во Холандија.Можност за факултативна посета на музејот на восочни фигури на Мадам Тисо.Слободно време
наменето за прошетка и уживање на еден од најинтересните градови во Европа,групна посета на спектакуларниот Ајс бар на Амстердам,каде ќе го доживеете неверојатниот леден амбиент во кој се е изработено од мраз на температура од 10 степени.Ќе уживате во водтка коктелите или во екстра ледено пиво.Во вечерните часови организирана посета на
red-light distrct.Во вечерните часови заминување кон Минхен.
16.ДЕН-МИНХЕН-ВИЕНА.Пристигнување во утринските часови во најубавиот германски град,а воедно и главен град на Баварија-Минхен.Разглед на градот,познатата Лудвигова улица каде што се наоѓа познатата Баварска државна библиотека,универзитетот-срцето на градот Мариенплац,Карлсплац,операта,градското собрание и познатата
Пивница ХБ,прошетка низ преубавите продавници што ги нуди овој град,наменети за шопинг и посета на еден од најубавите фудбалски стадиони –Алијанс арена.Во вечерните часови пристигнување во Виена и сместување во хотел.Ноќевање.
17.ДЕН-ВИЕНА-БУДИМПЕШТА-Појадок.Панорамсдко разгледување на Виена со локален водич:Градската палата,универзитетот,црквата Вотив,парламентот Пратер,палатата Белведере,Ринг штрасе и можност за факултативна посета на летниот дворец шенбрун.Слободно попладне наменето за шопинг.Во предвечерните часови заминување кон Будимпешта.Вечерен разглед низ преубавите улици на центарот на
Будимпешта.Во утринските часови патувањето продолжува кон Скопје.
18.ДЕН-СКОПЈЕ-Во предвечерните часови пристигнување во Скопје.