|
Воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња токму во една од најубавите приказни во своето дело "Одисеја", Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата таа раскажува... и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука – на овој остров. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната, наречена Крф? Овој остров е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани... па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви, како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели, Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови. Палатата Ahilion Оваа прекрасна градба подигната од некогашната австриска царица Елизабета, денес е нем сведок за времето во кое се воздигнувала митологијата и љубовта кон романтичното. Големата царица – Сиси, жената на Царот Франц Јосип Први, обожавателката на грчката митологија, како и на ликот на Ахил, барајќи го местото кое ќе и го даде потребниот мир по ненадејната смрт на нејзиниот син – престолонаследникот Рудолф, осамена го минува својот живот токму во оваа прекрасна вила. За жал тука не ја дочекува својата старост, бидејќи при една куса посета на Женева трагично е убиена од раката на еден анархист. Плажата Sidari Се наоѓа на северниот дел од островото Крф и по могу што се разликува од било која друга област на островото. Тука како никаде на друго место, ветерот и морето ги имаат изваено прекрасните карпи кои личат на еден вид статуи. Помеѓу нив се наоѓаат повеќето мали и песочни плажи, кои во своето опкружување формитаат мали базени и канали. Paleokastrica е оддалечена на околу 25 километри од градот Крф. Таа е всушност една од најстарите населби на островото. Со своите преубави плажи и кристално чистото море, на мноштвото посетители им овозможува прекрасен излет. На врвот на брдото од кое се пружа убав поглед врз заливот, се наоѓа манастирот Zoodochou Pigis изграден во далечната 1228 година. Пред да се влезе во Палеокастрица, препорачуваме да се посети и местото Лаконес во областа Бела Виста, од каде ви допира погледот врз прекрасната панорама на целата Палеокастрица.
|
|
ПРОГРАМА:
01.ден СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 22:30 часот. Поаѓање за Грција во 23:00 ч. Ноќно возење со попатни одмори.
02.ден ИГУМЕНИЦА - КРФ (Ипсос) Пристигнување во пристаништето Игуменица во утринските часови. Превоз со траект до островот Крф. По пристигнувањето, трансфер до Ипсос и до објектите за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
од 03. до 10.ден КРФ (Ипсос) Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објекти по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.
11.ден КРФ - ИГУМЕНИЦА Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Игуменица, патувањето продолжува кон Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.
12.ден СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.
|