Халкидики

Налик на трозабецот кој го држел богот Посејдон, овој исклучително убав полуостров како да налегнал врз површината на Егејското море. Полуостровот Халкидики се протега југоисточно од Солун и заливот Термаикос. Со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос кои длабоко навлегуваат во Егејското море, формирал преку петстотини километри долги и песочни плажи. Прекрасната хармонија на синото море, обиколена со песочните плажи и бујното зеленило, допирајќи се со непрегледната небесна шир дава впечаток на своевиден рај на земјата. Веројатно оваа природна убавина и ги иницирала монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата монашка држава - Света гора. Многуте туристички места и хотелски објекти, кои како бисери се нижат покрај брегот на Халкидики, го вбројуваат овој туристички регион како еден од најпосетените во Грција. Првиот негов крак - Касандра, специфичен со својот благ рељеф и исклучително зелаената вегетација, не случајно се издвојува како посебен и привлечен за најголемиот број туристи. Пештерата Petralona Како една од најважните пештери во поглед на Палеонтологијата, Петралона го покажува примерот за тоа како човекот живеел уште пред 700.000 години. Во 1960 година најстариот човечки скелет бил пронајден токму во оваа пештера. Најспектакуларно откритие сепак претставувале трагите од оган, кои датираат од пред околу милион години кои се воедно најстарите траги од оган, некогаш пронајдени. Ке можете да ги видите и прекрасните форми на сталактити и сталагмити кои изгледаат како да се правени од врвни архитекти и декорирани со вистинска уметност. Крстарење покрај Athos (Света Гора) На третиот крак наречен Атос, а многу повеќе познат како “Света Гора”, ќе имате можност да ја видите единствената автономна, православна и монашка држава во светот. Оваа држава е оформена во 885 година и наречена “Црква Басил”, но дури после 80 години откако првиот манастир бил изграден токму на овој крак. Иако таму влезот за жените е строго забранет, а за мажите е под посебен визен режим, крстарењето ќе ви овозможи сепак донекаде ја почувствувате сета мистика на таинствената Света Гора. Единствениот начин да ги откриете добро чуваните тајни, е крстарењето покрај кракот на дозволените 500 метри оддалеченост. На ова крстарење ќе почувствувате неверојатен мир и спокој, кој произлегува од чистотата, светоста и тишината на самата околина. Остовото Amouliani Од пристаништето Tripiti кое се наоѓа на третиот крак, од внатрешната страна спрема кракот Sitonia, можете да се префрлите на единствениот населен остров во водите на Халкидики - островчето Amouliani. Истоименото рибарско село на островчето, кое ве очекува уште со самото пристигнување на траектот, веднаш ќе го окупира вашето внимание. Убавите куќи, цветни тераси, ресторани и таверни од кои допираат пријатни мириси на локални морски специјалитети, ве мотивираат да седнете под нивните сенки. На спротивната страна од Амоулијани на оддалеченост од неколку километри се наоѓа една од најчистите и најубави плажи во овој регион. За морето, тоа го потврдуваат делфините кои ги има во околните води.

ПОЛИХРОНО
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

ПЕФКОХОРИ
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

ФУРКА
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)