1.ДЕН Состанок на групата на паркингот пред хотел Холидеј Ин во 08,30 часот.Поаѓа-
Ње кон Венеција во 09,00 часот.Дневно и ноќно возење преку Србија,Хрватска и Словенија со попатни одмори.
2.ДЕН – Пристигнување во Венеција-Лидо ди Јесоло,во претпладневните часови .Сместување во хотел.Попладневно разгледување на градот,плоштадот и црквата св.Марко ,мостот на Воздишките,Дуждевата палата.Слободно попладне за индивидуални прошетки и разгледи.Враќање во хотел.Ноќевање.
3.ДЕН- ФИРЕНЦА-ПИЗА Појадок.Поаѓање кон Фиренца ,единствената на светот поради богатството на нејзините уметички дела и аристократска елеганција.Разглед на градот:Катедралата Санта Марија Дел Фиоре,гробницата Медичи.Во вечерните часови тргнување кон Рим.Попатна посета на Пиза,позната Крива кула,плоштадот Деи Миракол-Романска катедрала.Патувањето продолжува кон Рим.
4.ДЕН-РИМ.Пристигнување во утринските часови.Можност за факултативна посета на Тиволи,летниот дворец на римските императори.Сместување во хотел.Вечерен разглед на
градот со локален водич:Императорскиот Рим,Колосеумот,Римскиот форум,црквата св.Петар
со прочуената статуа на Микеланџело-Мојсије,познатата фонтана Ди Треви,плоштадот Навона
со прекрасните фонтани,шпанскиот плоштад.Ноќевање.
5.ДЕН-РИМ.Појадок.Претпладне можност за посета со локален водич на Ватикан и Ватиканскиот
Музеј-Сикстинска капела.Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг во еден од
најубавите и најмодерните градови во светот.Во вечерните часови заминување кон Ница.
6.ДЕН-КАН-НИЦА.Пристигнување во кан во утринските часови.Разгледување на еден од
најмодерните туристички места во Европа на градот:прошетка по авенијата на палмите,разгледување на познатата филмска палата,хотелот Медитеранео,хотелот Карлтон
каде отседнуваат познатите звезди на Канскиот фестивал,бројните луксузни продавници.
Патувањето продолжува кон Ница ,разглед на Ница и градчето Ез,посета на познатите парфимерии
Фрагонард и Галимард.Патувањето продолжува кон Монако.Посета на најгламурозниот град во
Европа:палатата Грималди,катедралата св.Никола каде што е погребана принцезата Грејс Кели,
Океанографскиот музеј,прошетка по патеката на Формула 1 и преубавите улици и казина на
Монте карло.Во вечерните часови заминување кон Лорет де Мар.
7.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР.Пристигнување во претпладневните часови.Сместување во хотел.Слободно
попладне наменето за индивидуални активности ,одмор и шопинг.Во вечерните часови можност
За посета на еден од типичните локали уредени во шпански стил и да уживате во Сангрија-познатиот фламенго танц следен од звукот на кастањетите и препознатливото Оле.
8.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР-БАРСЕЛОНА.Појадок.Заминување кон Барселона.Разглед на градот и
неговите знаменитости:плоштадите Каталонија и Шпанија,авенијата Рамблас,катедралата Света
фамилија,Шпанското село,ридот Монт Жуик со олимпискиот стадион,фудбалскиот стадиот
Ноу Камп.Ноќевање.
9.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР-БАРСЕЛОНА.Појадок.Можност за целодневна посета до Фигуерас-родното
место и музеј на познатиот сликар Салвадор Дали.Во вечерните часови можност за посета на една
типична Шпанска вечер пропратена со национална игра,наречена Витешка вечера.Ноќевање.
10.ДЕН-БАРСЕЛОНА.Појадок.Слободен ден или факултативна посета на Барселона за слободен
разглед-шопинг.Во попладневните часови заминување кон Париз.
11.ДЕН-ПАРИЗ.Пристигнување во Париз претпладне.Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич:Ајфеловата кула,Елисејските плоња,Музејот Лувр,Домот на инвалидите,
Триумфалната капија,плоштадот Конкорд итн.Сместување во хотел.Вечерта прошетка до Монмартр со метро.
12.ДЕН-ПАРИЗ.Појадок.Можност за посета на најубавиот кралски дворец во светот Версај.Во вечерните часови можност за крстарење по реката Сена.Ноќевање.
13.ДЕН-ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД.Појадок.Можност за целодневна посета на Дизниленд.Дневен разглед на градот и во попладневните часови тргнување кон Амстердам.
14.ДЕН-АМСТЕРДАМ.Во утринските часови приситгнување во Амстердам,следи панорамски
разглед на градот:познатите амстердамски лавиринти кои ги откриваат убавините и знаменитостите на Амстердам,Леидселајн-центар на ноќниот живот на Амстердам,Ребрантплеин,
Плоштадот Дам со кралската палата,музејот на мадам Тисо,железничката станица,улицата Дамрак......како и можност за посета на брусилницата на дијаманти каде менаџерскиот тим на брусилницата ќе ви ја открије тајната на брусење и чување на дијамантите.Сместување во
Хотел.Навечер организирана журка во една од познатите дискотеки на Амстердам.
15.ДЕН-АМСТЕРДАМ.Појадок.По појадокот напуштање на хотелот.Можност за факултативна
Посета на една од најпознатите пиварии во светот-Хајнекен,безброј простории со неверојатни
Анимации,дегустација на пиво,3Д проекции кои ќе ве запознаат со големата историја на производство на пиво.Ќе можете да го изгравирате и Вашето име на пивското шише-ова ќе ви
Биде најголемото доживаување кое не смеете да го пропуштите.Можност за факултативна посета
На музејот на Ван Гог-најбогатиот музеј во светот,како и во музејот на Националниот музеј во
Холандија.Можност и за факултативна посета на музејот на восочни фигури на Мадам Тисо.Слободно време наменето за прошетка и уживања на еден од најинтересните градови во
Европа,групна посета на спектакуларниот Ајс бар на Амстердам,каде ќе го доживеете неверојатниот леден амбиент во кој се е изработено од мраз на температура од -10 степени.Ќе
уживате во водтка-коктелите или во екстра ледено пиво.Во вечерните часови организирана посета
на red-light district.Во вечерните часови заминување кон Минхен.
16.ДЕН-МИНХЕН-ВИЕНА.Пристигнување во утринските часови во најубавиот германски град,а воедно и главен град на Баварија-Минхен.Разглед и запознавање на градот,познатата Лудвигова
Улица каде што се наоѓа познатата Баварска државна библиотека,универзитетот-срцето на градот
Мариенплац ,Карлсплац,операта,градското собрание и познатата пивница ХБ ,прошетка низ
преубавите продавници што ги нуди овој град,наменети за шопинг и посета на еден од најубавите
фудбалски стадиони –Алијанс арена.Во вечерните часови пристигнување во Виена и сместување
во хотел.Ноќевање.
17.ДЕН-ВИЕНА-БУДИМПЕШТА.Појадок.Панорамско разгледување на Виена со локален водич:
Градската палата,универзитетот,црквата Вотив,парламентот Пратер,палатата Белведере,Ринг
Штрасе и можност за факултативна посета на летниот дворец шенбрун.Слободно попладне наменето за шопинг.Во предвечерните часови заминување кон Будимпешта.Вечерен разглед низ
Преубавите улици на центарот на Будимпешта.Во утринските часови патувањетоп продолжува кон Скопје.
18.ДЕН-СКОПЈЕ.Во предвечерните часови пристигнување во Скопје.