БИСЕРИ НА ЕВРОПА


ВЕНЕЦИЈА-ФИРЕНЦА-ПИЗА-РИМ-БАРСЕЛОНА-ЛОРЕТ ДЕ МАР-КАН НИЦА-МОНАКО-МОНТЕ КАРЛО-ПАРИЗ-МИНХЕН-ВИЕНА-БУДИМПЕШТА

1.ДЕН Состанок на групата на паркингот пред хотел Холидеј Ин во 08,30 часот.Поаѓа- ње кон Венеција во 09,00 часот.Дневно и ноќно возење преку Србија,Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2.ДЕН – Пристигнување во Венеција-Лидо ди Јесоло,во претпладневните часови .Сместување во хотел.Попладневно разгледување на градот,плоштадот и црквата св.Марко ,Мостот на воздишките,Дуждевата палата.Слободно попладне за индивидуални прошетки и разгледи.Враќање во хотел.Ноќевање.

3.ДЕН- ФИРЕНЦА-ПИЗА Појадок.Поаѓање кон Фиренца.Пристигнување во Фиренца во пладневните часови- 12-14 часот.Разглед на градот : Катедралата Санта Марија Дел Фиоре,Гробницата Медичи.Вечерно шетање низ градот на уметноста и светлината Фиренца.Доцна навечер заминување кон Пиза – Рим.Попатна посета на Пиза ,познатата Крива кула,плоштадот Деи Миракол-Романска катедрала.Патувањето продолжува кон Рим.

4.ДЕН- РИМ –Пристигнување во претпладневните часовиСместување во хотел.Попладне разгледување на градот со локален водич:Императорскиот Рим,Колосеумот,Римскиот форум, Црквата св.Петар со прочуената статуа на Микеланџело-Мојсије.Ноќевање. Попладне заминување кон идиличното градче Ез каде се посетува една од познатите фабрики за парфеми. Патувањето продолжува кон Монако, прошетка и разгледување на стариот дел: Океанографскиот музеј, црквата Св. Никола, Кнежевската палата, Егзотичната градина, посета на Монте Карло и неговите казина. Касно навечер враќање во хотел.

5.ДЕН-РИМ- Појадок.Претпладне можност за посета со локален водич на Ватикан и Ватиканскиот музеј-Сикстинска капела.Попладне разгледување на стариот дел на Рим;плоштадот Навона со прекрасните фонтани,шпанскиот плоштад и познатата фонтата Ди Треви.Доцна навечер враќање во хотел.Ноќевање.

6.ДЕН-РИМ-Појадок.Можност за факултативна посета на Тиволи-летниот дворец на римските импертатори.Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг во еден од најубавите и најмодерните градови во светот.Во вечерните часови во точно закажано време поаѓање кон пристаништето Чивитавекија.Сместување во кабините на бродот.Поаѓање во 22 часот.Ноќева- њето во бродот е во модерно опремени бродски кабини со тоалет,туш,таканаречен хотел на вода, На релација Чивитавекија-Барселона.

7.ДЕН-БРОД-КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ-БАРСЕЛОНА.Слободен денза одмор и уживање На многубројните погодности што ги пружа овој брод,диско клуб,базен,бар,фитнес,џакузи,фри шоп,казино.....Впловување во барселона во 19,00 часот,по излегувањето од бродот,ноќна прошетка низ преубавата Барселона,посета на една од најубавите фонтани во светот,фонтана која работи по звукот на музиката,МАГИЧНАТА ФОНТАТА.По прошетката заминување кон Лорет де Мар, сместување во хотел.Посета на преубавите дискотеки во Лорет де Мар.Ноќевање.

8.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР-БАРСЕЛОНА.појадок.Заминување кон Барселона.Разглед на градот и Неговите знаменитости;плоштадите Каталонија и Шпанија,авенијата Рамблас,катедралата Света Фамилија,Шпанското село,ридот Монт Жуик со олимпскиот стадион,фудбалскиот стадион Ноу Камп.Посета на еден од најубавите аквариуми во Европа.Враќање во хотел.Вечера.Во ноќните Часови посета на Фламенго,шпански танц следен од звукот на кастењатите и препознатливото Оле.Во 12 часот по полноќ посета на дискотека.Ноќевање.

9.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР-ФИГУЕРАС-БАРСЕЛОНА-Појадок.Можност за целодневна посета на Фигуерас,родното место и музеј на познатиот сликат Салвадор Дали,враќање во хотел.Вечера.Во Вечерните часови можност за посета на Витешки игри.Дискотека.Ноќевање. аквариуми во Европа кој се наоѓа во Барселона. Целодневен излет во Барселона. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање

10.ДЕН-ЛОРЕТ ДЕ МАР-БАРСЕЛОНА.Појадок.Можност за факултативна посета на Барселона, Наменето за индивидуални прошетки и шопинг.Во вечерните часови заминување кон Сент Тропе- Кан.

11.ДЕН-СЕНТ ТРОПЕ-КАН-НИЦА-Пристигнување во Сент Тропе во утринските часови.Разглед на еден од најмодерните туристички места во Европа,кратко возење продолжува кон Кан околу 30 мин.Разгледување на градот:прошетка по авенијата на палмите,Филмската фестивалска палата и бројните луксузни продавници.Во предвечерните часови заминување кон Ница,кратко возење-45 мин. до Ница.Сместување во хотел.Ноќевање. часови посета на црквата Монмартр и познатиот кварт Пигале. Можност за посета на најпознатиот бар - кабаре Мулен Руж.

12.ДЕН-НИЦА.Појадок.Во претпладневните часови панорамско разгледување на Ница,шеталиштето на Англичаните,хотел Негреско и др.Заминување кон идиличното градче Ез,каде се посетува една од познатите фабрики за парфеми. Патувањето продолжува кон Монако. Прошетка и разгледување на стариот дел,океанографскиот музеј,црквата св.Никола,Кнежевската палата,Егзотичната градина,посета на Монте Карло и неговите казина. Во доцните вечерни часови заминување кон Париз.

13.ДЕН-ПАРИЗ-Пристигнување во Париз претпладне.Панорамско разгледување на градот со Автобус и локален водич :Ајфеловата кула,Марсовите полиња ,музеј Лувр ,домот на инвалидите, Триумфалната капија ,плоштадот Конкорд и останатите убавини на градот Париз.Сместување во хотел.Вечерта прошетка до Мон Мартр со метро.Ноќевање.

14.ДЕН-ПАРИЗ-Појадок.Можност за факултативна посета на најубавиот кралски дворец Версај. Во вечерните часови факултативна можност за преубаво крстарење по познатата река Сена. Ноќевање.

15.ДЕН.-ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД.Појадок.Можност за факултативна целодневна посета на познатиот забавен парк Дизниленд.Во вечерните часови тргнување кон Минхен.

16.ДЕН-МИНХЕН-ВИЕНА.Пристигнување во Минхен во претпладневните часови.Разглед на Градот со посета на неговите знаменитости.Посета на најпознатата пивница во Минхен и можност За шопинг.Во попладневните часови тргнување кон Виена.Пристигнување во Виена и сместување во хотел во вечерните часови.Ноќевање

17.ДЕН-ВИЕНА-БУДИМПЕШТА.Појадок.Панорамско разгледување на Виена со локален водич: Градската палата,универзитетот,црквата Вотив,парламентот Пратер,палатата Белведере,Ринг штрасе и можност за факултативна посета на летниот дворец Шенбрун.Слободно попладне наменето за шопинг.Во превечерните часови,заминување кон Будимпешта.Вечерен разглед низ Преубавите улици на центарот на Будимпешта.Во утринските часови патувањето продолжува кон Скопје.

18.ДЕН-СКОПЈЕ-Во предвечерните часови пристигнување во Скопје.